Макрон дојде во Киев со помош од милијарда долари

од Milan1

Францускиот претседател Емануел Макрон во Киев се сретна со украинскиот лидер Владимир Зеленски. Едно од клучните прашања беше мировниот процес во Украина.

„Во суштина, одржавме значаен и многу продуктивен состанок“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со Макрон.

Тој додаде дека ги цени напорите на Макрон и позицијата на Париз кога станува збор за постигнување мир во Украина.

„Сигурен сум дека нашата средба ќе даде поттик за многу важни работи, од кои најважна е безбедноста на нашата земја, безбедноста на Европа“, додаде украинскиот лидер.

Тој исто така додаде дека очекува да се одржи средба на лидерите на „норманската четворка“.

„Франција игра активна улога во „нормандскиот формат“. Ние многу го цениме официјалниот став на Париз и личните напори на Емануел Макрон за постигнување мир во Украина. Тој навистина прави многу во тој поглед. Мировниот процес беше едно од клучните прашања за време на нашиот разговор. Очекуваме дека во блиска иднина, согласно договорите постигнати на самитот во Париз во декември 2019 година, ќе можеме да ја одржиме следната средба на лидерите на „норманската четворка“, рече Зеленски.

Макрон, од своја страна, рече дека во четврток во Берлин ќе се одржи состанок на политичките советници на лидерите на земјите од „норманската четворка“.

Тој исто така рече дека Украина потврдила дека е посветена на почитување на прекинот на огнот во Донбас. Макрон додаде дека Зеленски на средбата потврдил дека е подготвен да ги спроведе договорите од Минск.

Макрофинансиска помош за Украина

Франција ќе и обезбеди на Украина макрофинансиска помош во износ од 1,2 милијарди евра, рече Зеленски.

„Економската поддршка е многу важна и ние многу го цениме таквиот чекор на француската солидарност – доделувањето на 1,2 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина. Тоа навистина ќе ни помогне да ја стабилизираме нашата економија“, рече Зеленски.

Тој најави и дека компанијата „Укроборонпром“ потпишала заедничка изјава со француската страна во врска со реформите на воено-индустрискиот комплекс на Украина.

Состанокот на лидерите на Русија и Франција се одржа на 7 февруари во Кремљ и траеше нешто повеќе од пет часа. Макрон рече дека дијалогот со Русија е неопходен услов за градење мир. Тој рече и дека Путин и тој на средбата успеале да ги приближат ставовите за Украина и дека решението на украинското прашање може да биде само политичко, а основа за регулирање на ситуацијата во земјата се договорите од Минск.

Слични содржини