Макрон за Путин: „Тој не е непријатна личност“

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „парадоксот“ на Владимир Путин е тоа што тој не е „непријатна“ личност, пренесува „Телеграф“.

„Како прво, кога ќе го запознаете, тој не е непријатна личност. Видете, тоа е парадокс“, вели политичарот во интервју за Les Rencontres du Papotin.

Како што се истакнува во написот, од почетокот на конфликтот во февруари, Макрон повика на дијалог со рускиот претседател, но продолжи да зборува критички за Москва поради конфликтот.

Покрај тоа, францускиот лидер им ветил на Украинците дека Париз „ќе им помогне да победат“.

Слични содржини