Мала надеж за договор со Софија

од Берта Китинска

За македонскиот јазик и идентитет не се преговара со Бугарија. На маса е португалскиот предлог кој според премиерот Зоран Заев е добра основа за преговори.

Тој  вели дека на 22 јуни најверојатно нема да се реши проблемот со Бугарија.

-Многу важен беше состанокот со бугарскиот претседател Радев,  како продолжени на состанокот кој го имаше со Пендаровски. Продолживме преку деталите да разговараме за предлогот на португалското претседателство. Би требало состанокот во Софија да биде во четврток. Јас морам да кажам дека имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши проблемот,  бидејќи во Бугарија има техничка влада и нема парламент, наша должност е да направиме се и нема зијан ако заклучиме договор сега кој би се користел од идната влада на Бугарија, кажа Заев.

ва ќе биде втора средба на двајцата државници за една недела, откако вчера разговарааа на маргините на самитото на НАТО во Брисел.

Слични содржини