Малата Харпер веќе ги следи стапките на својата позната мајка Викторија

од Vladimir Zorba

Харпер Севен, најмалото дете на Бекамови, е миленичката на семејството, која нејзините родители и браќа ја чуваат како капка вода на дланка.

Дејвид и Викторија не кријат колку се „слаби“ на ова слатко 12-годишно девојче. „Многу сум горда што одгледав толку силна ќерка“, призна во една прилика во емотивна објава поранешната членка на Spice Girls, која е многу блиска со својата ќерка.

Во последниве месеци, видовме дека Харпер Севен се повеќе се интересира за работата на нејзината мајка, откако ја придружува дизајнерката на работни настани, интервјуа или модни ревии, а овој пат отидоа чекор понатаму и ја претставија својата прва заедничка дизајнерска работа – фустан со многу посебна приказна.

„Го дизајнирав овој ексклузивен Midi Cami фустан со Харпер“, објави Викторија на социјалните мрежи, споделувајќи фотографија на која нејзината ќерка позира како модел. „Ја сакам бојата и колку е едноставна, но елегантна силуетата“, напиша нејзината мајка.

Станува збор за модна класика – слип фустан од слонова коска со квадратно деколте и тенки прилагодливи ремени, кој иако само што е објавен на веб-страницата на брендот (и чини 919 евра), Харпер всушност го облече за прв пат и пред сите останати уште во септември 2023 година. И тоа го направи по повод една многу важна прилика: за време на претставувањето на колекцијата пролет/лето 2024 на Викторија Бекам на модната недела во Париз.

Целото семејство потоа отпатува во главниот град на Франција за да ја бодри познатата дизајнерка за време на модната ревија, која секако не сакаше да ја пропушти можноста да ја облече својата ќерка во еден од нејзините аутфити.

Слични содржини