Малолетник избоден со нож во Бутел

од Aleksandar Todeski

Непозанти млади лица синоќа во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакна од ножот во обид да биде прободено.

„На 06.12.2019 во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека околу 19:45 часот, на ул.„Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда. Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а потоа е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Слични содржини