Манџукиќ сака да се врати во Баерн

од Aleksandar Petrovski

Напаѓачот на Јувентус Марио Манџукиќ има неколку понуди, но негова желба е повторно да се врати во Бундеслигата.

Kако што пренесуваат медиумите во Италија, Манџукиќ сака да се врати во редовите на Баерн од каде во 2014 се пресели во Атлетико Мадрид.

Хрватскиот интернационалец во дресот на Минхен мина две сезони и на 88 меча постигна 48 гола. Освои две титули првак на Германија и Лига на шампионите.

За 33-годишниот напаѓач интерес покажаа и Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд и Севилја.

Слични содржини