Маричиќ: Потребен е сериозен политички консензус околу правецот на движење на С. Македонија во следните 10 години

од Nikola Popovski

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оценува дека веќе е потврден европскиот пат на Северна Македонија, и дека сега треба сите заедно да го задржиме стабилен. Тој додава дека за тоа ни е потребен сериозен политички консензус околу прашањето за иднината и правецот на движење на Северна Македонија во следните 10 години.

-Тоа е темелот и предуслов за успешно заокружување на овој национален проект. Политичко обединување и гаранција дека нема да стагнира земјата и дека ќе продолжи да се движи по патот кој носи стабилност, просперитет, нови можности и кој гради уредена држава, во која има функционални демократски институции. Тоа е она што го бараат и сакаат граѓаните. Тоа е единствениот концепт кој носи извесност, реформи, неповратни фондови за развој на земјата и концепт во кој граѓаните веруваат, рече Маричиќ на годишниот мултимедијален јавен настан на ЦИВИЛ – „Перспективи 2023“.

Слични содржини