Маричиќ: По дипломатот кој е во притвор во Србија нема отворено постапка за негова екстрадиција

од Nikola Popovski

Ги имам информациите што ги имаат и останатите во јавноста и дел од владините институции. По нашиот дипломат кој е во притвор во Србија нема отворено постапка кај нас заради која би го барале, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ.

Според него, ние можеме да бараме екстрадиција или трансфер на осудено лице, но тој се уште не е осуден, ниту пак кај нас има постапка врз основа на која ќе треба да го бараат.

Маричиќ рече дека министерставата од Србија не стапиле во никаков контакт со Министерството за правда, а нема информација дали стапиле во контакт со Министерството за внатрешни работи.

Дипломатот Миле Миленкоски е осомничен дека пред три години организирал патување во главниот град на Ерменија, Ереван, заедно со уште двајца македонски дипломати, со цел да биде извршена евакуацијата на ерменскиот олигарх, кој во својата држава биле осомничен за злоупотреба на милиони евра.

Слични содржини