Марк Руфало проговори за борбата со туморот на мозок

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Марк Руфало рече дека дознал дека има тумор на мозокот кога неговата сопруга била бремена во деветтиот месец со нивното прво дете.

Ѕвездата на Marvel, кој оваа година беше номиниран за Оскар за улогата во филмот Poor Things, откри дека се борел со страшната болест пред речиси две децении.

„Имав тумор на мозокот по успехот на филмот You Can Count on Me“, изјави 56-годишниот актер во подкастот Smartless.

Она што е шокантно е што актерот немал други симптоми освен инфекција на увото, но сепак решил да оди на лекар и им рекол: „Слушајте, ова ќе звучи лудо, но синоќа сонував дека имам тумор на мозокот“.

Руфало заминал во канцеларијата на неврологот подоцна да му ја прочитаат снимката: „Имаш маса зад левото уво со големина на топче за голф, а ние не знаеме што е тоа. Не можеме да кажеме додека не се направи биопсијата“.

Тој рече дека не сакал да ѝ каже на сопругата бидејќи таа требало да се породи и не сакал да ја загрижува, пренесува News.com.

За среќа на актерот, туморот на мозокот се покажал како бениген.

Слични содржини