Маркл официјално ја потврди причината за отсуството на татко и на венчавката

од Vladimir Zorba

Меган Меркл потврди дека татко и Томас нема да дојде во Лондон поради лошата здравствена состојба. Во своето прво официјално соопштение , издадено од Бакингамската палата, Меган им се заблагодари на сите на пораките со поддршка и објасни зошто татко и нема да ја испрати до олтарот.

,, За жал татко ми нема да присуствува на венчавката. Секогаш се грижев за татко ми и се надевам дека може да му се даде простор да се грижи за своето здравје. Да знаете дека Хари и јас се радуваме што со вас ќе го споделиме нашиот специјален ден во сабота.” напиша идната принцеза.

Слични содржини