Маск апелира: Ве молам да произведувате литиум, а не апликации за споделување фотографии

од Stefanija Kuzmanovska

Првиот човек на Tesla, Елон Маск, ги потсети инвеститорите на зголемениот предизвик во производството на електрични возила, а тоа е да се обезбедат доволно количества литиум за батериите на овој тип на автомобили.

„Акцентот е многу повеќе на рафинирањето на литиум отколку на неговото ископување. Има литиум, само се работи за создавање капацитет за рафинирање“, рече тој.

Маск истакна дека Tesla има план да отвори рафинерија за литиум во Тексас, а работата треба да започне во мај.

Маск ја искористи можноста да ги повика претприемачите да преработат што е можно повеќе од овој минерал, кој се користи за производство на батерии за електрични возила, пишува Yahoo finance.

„Наместо да креирате апликација за споделување фотографии, ве молиме свртете се на преработка на литиум“, рече тој.

Литиумот игра клучна улога во производството на сите видови литиум-јонски батерии кои ги напојуваат електричните автомобили и се произведува најмногу во Австралија, Чиле и Кина.

Поради тежнеењето да се премине на електрични возила, неговото производство достигнува нови рекорди во последните 25 години.

Слични содржини