Маск: Нема да донирам пари на ниту еден кандидат за претседател на САД

од Vladimir Zorba

Американскиот милијардер Елон Маск денеска изјави дека нема да донира пари за кампањата на кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, како и за кампањата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Само да бидам многу јасен, нема да донирам пари на ниту еден кандидат за претседател на САД“, напиша Маск на својот профил на мрежата X.

За време на викендот Маск се сретна со поранешниот американски претседател, кој од него побарал средства за неговата кампања, пренесува Ројтерс.

Слични содржини