Маж „полово вознемирувал“ малолетничка преку Инстаграм

од Nikola Popovski

Маж од пробиштипско вознемирувал малолетничка, при што ѝ испраќал експлицитни фотографии, известуваат од МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.К.(41) од пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.

Пријавениот испраќал пораки на малолетничка преку социјалната мрежа Инстаграм, при што ја вознемирувал.

Слични содржини