Ме боли грлото, дали треба да бидам загрижен: Британски доктор одговара на најчестите прашања во врска со коронавирусот (видео)

од Nikola Popovski

Д-р Хилари Џонс, уредник на емисија за здравството на една британска телевизија, одговори на најчестите прашања во врска со коронавирусот.

Докторот добил над 9000 прашања од своите читатели, а ние ви ги пренесуваме оние што ги издвоивме како најважни.

Грлото ме боли и имам болки во ушите. Бидејќи имав карцином на дојката, се прашувам дали треба да бидам загрижеја?

– Симптомите што ги наведовте обично се знак на обична настинка или грип и не се типични за КОВИД-19.

– Дури и да сте имале рак на дојката, тоа не значи дека вашиот имунитет не е толку силен сега како и кај секој друг. Земете парацетамол и септолете за грлото и обидете се да останете смирени.

10 дена сум во изолација, но имам чуден вкус во устата и грлото почна да ме боли. Дали треба да ја продолжам изолацијата заради овие симптоми?

-Најдобро е да се продолжите со самоизолацијата. Експертите велат дека ако се чувствувате добро и имате кашлица по 14 дена може да се вратите на нормалните активности. Сепак, со вашите придружни симптоми, најдобро е да останете дома и да ја следите состојбата.

Пред 6 години имав мозочен удар. Дали сум во опасност?

– Ако целосно сте закрепнале, тогаш нема причина да се грижите. Меѓутоа, ако сте имале здравствен проблем подоцна, тогаш треба да внимавате да останете дома.

Кои симптоми не се однесуваат на коронавирусот?

Според Риши Десаи, главен медицински директор на компанијата Осмоза, одредени симптоми не се однесуваат на коронавирусот.

– КОВИД-19 не предизвикува симптоми кои влијаат на екстремитетите, на пр. болка во левата нога, не предизвикува оштетување на кожата или алергија или хронични симптоми, односно оние кои траат со месеци и месеци – вели лекарот.

За жал, никој не може да предвиди како коронавирусот ќе влијае врз телото, што ја прави превенцијата уште поважна.

Експертите немаат рецепт кој гарантира заштита, затоа е најдобро во ова време да се одржува добра хигиена и социјална дистанца.

Слични содржини