Медведев: Одлуката за операцијата во Украина беше тешка, но добро осмислена

од Nikola Popovski

Одлуката за започнување на руска специјална воена операција за заштита на Донбас беше тешка, но добро осмислена и изнудена, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

„Не беше лесно да се донесе одлука, но токму затоа беше добро обмислена и избалансирана“, рече тој во говорот на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург.

Според него, кога се исцрпени сите средства за мирно решение, „кога направивме се за да ја решиме ситуацијата со дипломатски методи, поинаку веќе не беше можно“.

„И тоа директно го илустрира повлекувањето на украинските функционери од претходно објавените намери и нивното признавање дека договорите од Минск се само изговор за добивање време за зајакнување на вооружените сили“, посочи Медведев.

Зборувајќи за заканата од НАТО, Медведев напомена дека Русија веќе 30 години упорно и трпеливо се обидува да постигне договор за принципите на еднаква и неделива безбедност во Европа, пренесе Тасс.

„Одговорот беше само трикови, измами, притисоци и уцени. Беше бескорисно. Никој не не слушна“, нагласи Медведев.

Слични содржини