Меган Маркл изненади со бојата на фустанот и потврди голем моден тренд за оваа пролет

Пред заминувањето од Лондон, поранешната војвотка од Сасекс имаше уште една кралска обврска.

Иако се пишуваше дека мисата по повот Деновите на Комонвелтот е нивната последна официјална задача, Мега и принцот Хари во тајност се сретнаа со членовите на здружението на Комонвелтот на кралицата и на својот Инстаграм профил споделија фотографии од состанокот.

Меган, за оваа пригода, одбрала фустан во боја која досега не сме ја гледале и која ја избегнувала бидејќи не е ниту малку фотогенична, како што објаснила стилистката Дејзи Шуберт за британскиот Express.

Се работи за портокаловата боја, а Меган одбрала фустан во пастелна нијанса на портокалова со кој најави голем пролетен тренд. Се работи за пласираната ткаенина која од здолништата се сели и на остатокот од гардеробата, а најубаво изгледа на лелеавите фустани.

Фустанот на Меган со „пуф“ ракави, слоевит долен дел и асиметричен раб е со потпис на брендот Preen by Thornton Bregazzi, а цената на и истиот изнесува 975 евра.

Слични содржини