Меколи Калкин ја шеташе мачката во количка

од Vladimir Zorba

Иако сцената е смешна за многумина, холивудските sвезди веќе подолго време ги шетаат своите миленици во колички за миленичиња. Таков е случајот со актерот Меколи Калкин, кој неодамна ја шеташе својата мачка во количка.

Додека шеташе со својата девојка, актерката Бренда Сонг, предизвика смешни реакции кај американската и светската јавност, шетајќи ја својата мачка во количка. Фановите на мрежите напишаа дека неговата мачка е „како бебе“ и дека има кралски третман.

Неговата девојка го шеташе своето куче, но на поводник.

Меколи е познат на домашната јавност по улогата на Кевин во филмот „Сам дома“, кој сè уште се емитува на телевизија во пресрет на Божиќните празници.

Слични содржини