Мексико донираше куќа на Ел Чапо како награда во државната лотарија

од Vladimir Zorba

Мексиканската влада донираше куќа која беше прибежиште на наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, како награда за лотарија, пренесува Еј-Би-Си.

Станува збор за куќата од која „Ел Чапо“ успеа да избега во 2014 година, откако беше опкружен со мексикански специјалци. Потоа избега низ канализацијата под имотот, но само неколку дена подоцна беше фатен во крајбрежниот град Мазатлан.

За време на подоцнежниот претрес од страна на полицијата, нанесена е сериозна штета во внатрешноста, што наложи извршување на одредени поправки. Отстранети се и безбедносните камери кои го следеа секој агол од куќата во времето кога беше населена со светски познатиот нарко бос.

Дупката во бањата, преку која успеал да стигне до мрежата на подземни тунели, била запечатена со бетонска плоча.

Куќата се наоѓа во тивка населба во градот Кулијакан и е исклучително скромна според стандардите на Ел Чапо. Се состои од само две соби и нема ниту двор, ниту базен, за разлика од повеќето елегантни куќи на членовите на картелот Синалоа.

Локалните жители тврдат дека не знаеле ниту кој живеел таму се додека не биле сведоци на акцијата на специјалните сили.

Мексиканската влада го проценува имотот, кој сега е во сопственост на анонимен добитник на лотарија, на 181.000 долари. Билетите што дадоа право да учествуваат во томболата за продажба беа продадени по цена од 12 долари.

Бегството на Хоакин „Ел Чапо“ Гузман за време на опсадата на неговиот дом не е единствениот случај во кој успеа да избега „под носот“ на полицијата.

Во 2001 година, тој избега од еден од најстрого чуваните затвори во земјата во количка за перење. И во 2015 година, откако беше фатен во Мазалтан, тој избега од својата ќелија преку бањата и возеше мотор низ тунел ископан под затворската зграда.

Шест месеци подоцна, тој беше повторно фатен во Лос Мокис, Синалоа, а потоа беше екстрадиран во Соединетите држави, каде што доби доживотна казна затвор.

Пред да ја подари куќата на Ел Чапо преку државна лотарија, владата се обиде да ја продаде на аукција. Почетната цена е 178.450 долари, но нема луѓе кои сакаа да конкурираат.

Средствата од продажба на билети за лотарија ќе бидат наменети за мексиканските олимписки спортисти.

Слични содржини