Меланија Трамп: Не верувајте во медиумските шпекулации

од Vladimir Zorba

Една недела откако поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп беше приведен во Њујорк, денеска се огласи неговата сопруга Меланија Трамп, која порача дека јавноста не треба да верува во шпекулациите за нејзините „лични, професионални и политички ставови“.

Во соопштението за печатот од кабинетот на поранешната прва дама на САД не се наведени конкретни медиуми, туку се критикуваат текстови во кои „се наведуваат неименувани извори за да се поткрепат тврдењата на авторот“, пишува „Њујорк пост“.

„Ги замолуваме читателите да бидат внимателни при утврдувањето дали приказните за поранешната прва дама се вистинити или не, особено кога г-ѓа Трамп не се наведува како извор“, се вели во соопштението.

Слични содржини