Меркел: Би било многу лошо ако ограничувањата се укинат премногу брзо

од Vladimir Zorba

Германија нема да ги напушти сегашните ограничувања во борбата против коронавирусот барем 19 април, една недела по Велигден, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Пандемијата не знае за празници, рече Меркел во телефонското интервју со новинарите, бидејќи работи од дома, пренесува „Политико“.

Таа ги повика Германците да останат дома, да избегнуваат патувања или да го посетуваат семејството во наредните денови, вклучувајќи го и славењето на Велигден.

Меркел рече дека донела одлука со министрите да ги продолжат ограничувањата до 19 април, а владата ќе ја преиспита ситуацијата во деновите што следат по празниците.

„Би било многу лошо ако ограничувањата се укинат премногу брзо и потоа повторно да се вратат“, изјави германската канцеларка.

Слични содржини