Меркел го критикуваше Курц за одлуката да не прифаќа „ниту едно дете“ од „Морија“

од Vladimir Zorba

Германската канцеларка Ангела Меркел на внатрешната владина седница го критикуваше однесувањето на австрискиот канцелар Себастијан Курц во врска со бегалскиот камп „Морија“.

Според германските медиуми, односот меѓу Германија и Австрија станува сè понапнат, а актуелното прашање на раздор, за кое во минатото имало несогласувања, е темата за миграцијата.

Според „Билд“, Меркел дала јасни зборови за курсот на канцеларот Курц, кој уште еднаш ја потврди својата политика за време на викендот дека нема да прифати ниту едно дете, ниту едно лице од логорот „Морија“.

Според Меркел, улогата што Австрија ја игра во Европа не е добра.

„Не е можно да се бара „рабат“ на Самитот на ЕУ, а потоа да се остане настрана во распределбата на бегалците, рече таа.

Курц за време на викендот јасно стави до знаење дека приемот на бегалците од логорот „Морија“ ќе биде „погрешен сигнал“ и дека тие ќе одбијат да учествуваат во него.

Слични содржини