Мијовска: Во наредниот период се надеваме дека ќе извршиме трансплантација на црн дроб

од Nikola Popovski

„Се надевам во наредниот период ќе извршиме трансплантација на црн дроб заедно со екипите од абдоминална хирургија и гастроентерохепатологија. На прав пат сме“, изјави попладнево на прес-конференција, националната координаторка за трансплантација, д-р Маја Мојсова-Мијовска.

Таа додаде дека заедно со медиумите е направен импакт кај граѓаните во однос на свесноста за тоа што значи мозочна смрт и органодарителство и посочува дека здравствениот систем е на добар пат да биде забележан од Европа.

„Генерално еден здравствен систем се цени по нивото на трансплантација и нивото на здравствениот систем во суштина е препознаен по трансплатација кои се одвиваат затоа што тоа во суштина е највисок дел од здравствениот систем. Но, да кажеме дека без семејствата кои се одлучуваат да даруваат не би можеле сето ова да го направиме, им благодариме од сè срце на тие семејства. Сакаме да изразиме сочувство, но сакаме да знаат дека направиле големо дело, дел од нивните блиски сè уште живее во други пациенти“, вели Мијовска.

Во изминатата година се трансплантирани четири срца и 10 бубрези. Направена е и прва експлантација и трансплантација на коски и коскени ткива.

Слични содржини