Милан Поповиќ: Северина лаже

од desk4

На прес конференцијата за промоција на новата турнеја, хрватската пејачка Северина вчера изнесе обвинувања на сметка на Милан Поповиќ, таткото на нејзиниот син Александар и училиштето каде што тој оди.

 


На тоа реши да реагира “кралот на бакарот“ бизнисменот Милан Поповиќ, кој ги отфрли обвинувањата и рече дека ништо од тоа не се случило.
– Инцидетот кој го наведува мајката дека се случил, не е таков каков што таа го претстави во јавноста. Целиот инцидент е испровоциран од страна на Игор Којиќ поради што од училиштето биле приморани да повикаат полиција поради неговото непристојно однесување – изјави Поповиќ, додавајќи дека не бил на лице место, но според неговите сознанија немало психичко или физичко малтретирање на детето.
Тој вели дека ова сè е плански направено од Северина за да се привлече внимание и да се направи сензација во склоп на нејзината турнерја која ја нарече „The Magic tour“
– Да имаше било какво злоуотребување или малтретирање, ќе застанев на страната од мајката и ќе ѝ помогнев да го заштитиме нашето дете. Сите останати изјави со кои ги обвинува институциите се нешто што и порано го видовме од нејзе пред носење на некои големи пресуди, како што е сега случај – заклучува тој.

Слични содржини