Милан шампион по 11 години, Интер остана без „круна“ во последното коло

од Nikola Popovski

„Росонерите“ ја обезбедија титулата шампион на Италија по победата од 3-0 против Сасуоло во последното коло од Серија А.

Ова е нивна прва титула по 11 години, со која ја прекина долгогодишната доминација на Јувентус, а на тронот го „наследија“ тимот на Интер.

Навивачите на Милан не чекаа долго да се потврди титулата. Нивниот тим поведе во 17. минута, а стрелец беше Оливие Жиру, кој беше прецизен и во 32. минута за водство на Милан од 2-0.

Конечниот резултат го постави Френк Кеси со гол во 36. минута. Второто место му припадна на Интер, кој во последното коло ја победи Сампдорија со 3-0.

Стрелци за „нероаѕурите“ беа Иван Перишиќ во 49. минута и Јоаким Кореја во 55. и 57. минута. Милан ја заврши сезоната со 86 бодови, додека Интер имаше два помалку.

Избраниците на Стефан Пиоли го освоија „скудетото“ со неверојатна серија од 15 натпревари без пораз.

Покрај клубовите од Милано, главен конкурент за титулата беше и Наполи, кој по фантастичен старт на сезоната заврши на третото место.

Најдобри стрелци кај „росонерите“ се Оливие Жиру и Португалецот Рафаел Леао со 11 голови. Леао е и најдобар асистент на тимот, со 10 асистенции.

Четвртото место го зазеде Јувентус кој после 10 години за првпат сезонава остана без трофеј.

Петтото и шестото место и пласман во Лига Европа обезбедија клубовите од Рим, Лацио и Рома.

Италија во Конференциската лига ќе ја претставува Фиорентина, која сезоната ја заврши на седмото место.

Најголеми губитници сезонава се фудбалерите на Аталанта, кои по поразот од Емполи со 1:0 го освоија осмото место во Серија А, со што останаа без пласман во Европа.

 

Слични содржини