Милатовиќ: Пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ ќе овозможи траен мир и просперитет

од Vladimir Zorba

Црна Гора останува решена на патот на евроатлантската иднина, добрососедските односи и мултилатерализмот, рече црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН и изрази уверување дека пристапот на Црна Гора во ЕУ, како и на целиот Западен Балкан, дополнително ќе ја зајакне својата меѓународна позиција и ќе овозможи траен мир и просперитет.

Милатовиќ ја потврди силната поддршка и посветеност на Црна Гора на целите и принципите на Обединетите нации – особено, како што рече, во моменти како овие кога глобалното единство и солидарност се многу потребни.

„За ефикасно решавање на глобалните проблеми, потребно ни е мудро лидерство. Наместо да се обединиме во заеднички напори, најчесто делиме само заеднички грижи. Сепак, единствениот начин да се справиме со широко распространетите кризи е да дејствуваме обединето“, изјави Милатовиќ.

Слични содржини