Милевски: Градоначалникот на Неготино успеа да врати долгови во вредност од 2 годишни буџети

од Nikola Popovski

„Има општини кои домаќински ги менаџираат своите буџети и не дозволуваат да влезат во нови долгови. Пример е градоначалникот на Неготино, кој по враќањето на средствата, односно 50 проценти од долговите, во 3,5 години мандат успеа да врати долгови во вредност од 2 годишни буџети и сега општината е во позитива“, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски за емисијата „Утрински брифинг“.

Тој напомена дека проблемите со долговите треба системски да се решаваат и дека не треба да зависиме од желбата и карактерот на градоначалникот.

„Мораме да ги ограничиме можностите на општините за задолжување. Најзадолжени општини се Тетово и Карпош, поради проблемот со превработеноста од минатите општински власти. Јас сум поборник да се стимулираат инвестициите во општините, наместо да се даваат кеш пари за враќање на долговите, на оние што не се успешни. Министерството за локална самоуправа ќе инвестира 15 милиони евра оваа година во општините“, вели Милевски.

Слични содржини