Милков: Бугарија сака да преговара со С.Македонија, а не со партиите

од Stefanija Kuzmanovska

Бугарската страна во овие години направи многу во однос на Република Северна Македонија за да го заштити нашиот интерес таму и да ги заштити луѓето во РСМ кои имаат бугарска самосвест. Сакам да оддадам почит на заложбите на претседателот Румен Радев, кој една година беше сам буквално против сите, и благодарение на кого успеавме да го вклучиме во условите за почеток на преговорите на РСМ со ЕУ и прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот. Ова е гаранција дека во иднина ќе се почитуваат правата на тие сонародници. Тоа досега не се случува. Ова го изјави за БТВ службениот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, пренесува „Трибуна“.

„Еден од проблемите со РСМ е тоа што има сериозни разлики меѓу опозицијата и владејачката партија. Ние би сакале да преговараме со државата, а не со партиите. За разлика од Бугарија, каде што има повеќе или помалку широк консензус за нашата политика во однос на РСМ, таму таков консензус нема. Напротив, уште полошо, се постигнува краткорочен консензус за одредени прашања кои се на наша штета – како што е донесувањето на Законот за здруженија и фондации, кој ги обединува луѓето на антибугарска основа. Така што работите, ќе траат долго“, објасни Милков.

„Имаме механизам да ги решиме нашите проблеми со нив, а тоа е т.н француски предлог, кој е предлог на претседавањето со ЕУ и е поддржан од сите земји членки, односно е европски предлог прифатен и од нашиот и од нивниот парламент. Има механизам, но тоа не значи дека имаме решение за прашањата. И ние мора да го искористиме овој механизам за да ги решиме. На крајот на краиштата, нема временска рамка. Кога ќе ги исполнат своите обврски од договорот од 2017 година според овој предлог, тогаш ќе можат да преминат во следната фаза во нивната европска интеграција“, додаде министерот.

Слични содржини