Министерката за образование на Велика Британија им покажа среден прст на демонстрантите

од Vladimir Zorba

ВЕДНАШ пред да биде назначена за нова министерка за образование на Велика Британија, Андреа Џенкинс им покажа среден прст на демонстрантите собрани пред канцеларијата на британскиот премиер Борис Џонсон во лондонската Даунинг стрит, пренесоа британските медиуми.

Џенкинс рече дека требало да покаже „повеќе смиреност“, но одби да се извини, велејќи дека инцидентот дошол откако добила повеќе смртни закани.

Џенкинс беше назначена за министерка во четвртокот непосредно пред Џонсон да објави дека поднесува оставка како лидер на Конзервативната партија.

Таа е конзервативна политичарка која дојде во канцеларијата на Џонсон за да му даде поддршка пред тој да ја објави својата оставка.

Снимката предизвика бес кај критичарите на Џонсон во Британија.

Слични содржини