Митрески: Комбинирано работење на Парламентите има низ цел свет, пратениците да ги поддржат измените

од Берта Китинска

Претседателот на Собранието, Талат Џафер денеска го достави предлог измените на Деловникот за работа на Собранието.

-Со новите измени ќе се обезбеди функционалност на законодавниот дом во време на пандемја од коронавирусот, односно ќе се овозможи оние пратеници кои се заболени од ковид 19 и се во изолација, своите обврски да ги извршуваат онлајн, односно од далечина.Во време на сериозни предизвици, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет. На граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности, вели Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Тој напомена дека вакви примери на комбинирано работење на Парламентите има низ целиот свет.

-Затоа ги повикувам сите пратеници да покажат одговорност, да ги поддржат измените на Деловникот, за да може Собранието непречено да ја извршува својата работа и да им служи на граѓаните, вели Митрески.

Слични содржини