Мицевски: Џафери да закаже итна седница за законите за ДДВ и акцизи што ги доставија ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес поднесе барање до Претседателот Талат Џафери, за закажување итна седница на која на дневен ред ќе се најдат законите кои што ги поднесовме до Собранието. Тоа се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност и Предлог законот за изменување на Законот за акцизи, кажа Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ бара оваа седница да биде свикана што е можно поскоро.

-Нашите граѓани страдаат. Нашите граѓани се доведени до ситуација, да очекуваат некој нешто да превземе бидејќи со ситуацијата во која Владата ги стави граѓаните, тие можат да преживеат одвај една недела, а не цел месец.Владата знаејќи каква штета ќе предизвика со укинувањето на антикризните мерки предизвика вртоглав раст на цените на горивата и основните продукти и додека многу влади во далеку поразвиени држави водедуваат дополнителни мерки за нивните граѓани да не трпат големи загуби, нашата Влада и Димитар Ковачевски мува не ги лази за граѓаните.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија„ вчера поднесе два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.Го повикуваме собраниското раководство, веднаш да ја закаже итната седница.Ја повикуваме Владата и парламентарното мнозинство да застанат на страната на граѓаните, заедно да ги донесеме овие закони кои ќе бидат големо олеснување во оваа кризна ситуација бидејќи ситуацијата секој ден станува се полоша и полоша и мора итно да се делува“, кажа Мицевски.

Слични содржини