Мицкоски: Го осудувам насилството за 27 април, но казните на осудените се преголеми

од Viktor Jovanov

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашната дебата на Канал5 ТВ со експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев изјави дека го осудува секое насилство вклучувајќи го и она што се случи на 27 април 2017 година во Собранието. Сепак, Мицкоски смета дека се преголеми казните на лицата кои се осудени за „крвавиот четврток“.

-Секое насилство го осудувам, тоа не е дзоволено, не смее ниту еден човек правдата да ја земе во свои раце. Јас не сум тој што прифаќа и не ги прифаќа, има судии кои донеле пресуди, времето ќе каже дали се исправни пресудите. Има моментално жалбена постапка. Казните се драконски во секој случај, вели Мицкоски.

На ова лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека целта на одредени лица во толпата била да извршат убиство врз него и сопартијците.

-Целта на 27 април беше да ме убијат мене и моите колеги, вие Мицкоски бевте во толпата на која им се покажуваше патот каде да не најдат во Собранието, рече Заев.

Слични содржини