Мицкоски обелодени втор дел од аферата „Мафија“, вели се одвивала во изминативе години

од Nikola Popovski

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес обелодени дека постои втор дел од аферата „Мафија“.

„Со скандалот Мафија 2 се открива како на едно исто лице му се издадени два матични броеви каде што според проверките во избирачкиот список истото лице е регистрирано еднаш со вистинското име, вистинска адреса, а вториот пат е регистрирано на друго лице во друга општина. Ова е класична злоупотреба на институциите и тежок криминал пред се за гласање на избори“, вели Мицкоски.

Тој посочи пример дека извесен Диме Димовски имал два матични броја, на кои се разликувале само последните 3 бројки. Со едниот број Димовски бил запишан во Чаир, а со другиот во Сарај. Или Џадин Адемовски, со еден матичен број бил запишан во Сарај, а со друг во Чаир.

Мицкоски прашува како е можно ова, кога во 2016 година избирачкиот список бил прочистен. Затоа упати сомнеж дека аферата се реализирала во изминативе години, кога министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски.

Слични содржини