Мизрахи бара кривична одговорност за случувањата во Тетово, оставката на Филипче била изнудена

од Vladimir Zorba

„Оставката на Венко Филипче не е морална одговорност, изнудена е. Да ја чувствуваше ќе си дадеше оставка уште првиот ден по несреќата. Овој пат понудената оставка е изнудена под притисок на објективната јавност која со право бара одговори од оние кои се надлежни за хоророт и ужасната трагедија во која завршија 15 животи“, вели денеска Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, моралната одговорност за една таква оставка за која се уште не се знае дали ќе биде прифатена не ги дава одговорите кои ги бара јавноста, и уште повеќе не праќа порака до сите сегашни и идни функционери дека не смеат да си поигруваат со животите на нашите граѓани. Потребна е кривична одговорност до која ќе се дојде преку објективна и неутрална истрага која мора да биде реализирана“, истакнува таа.

Слични содржини