Млад скопјанец тешко повреден во фабрика во Гази Баба

од Stefanija Kuzmanovska

Млад скопјанец завршил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба. Уште една лоша вест во полицискиот билтен.

„На 22.12.2022 во 10.20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди бил донесен Т.М.(22) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачје на Гази Баба – Скопје“, информира МВР.

По извршениот увид,, за немилиот настан бил известен и трудов инспектор.

За една недела ова е втор случај млад работник да настрада на работно место. Минатата недела почина 23-годишно момче, врз кое паднале цевки во товарен лифт, во скопска фирма.

Слични содржини