Младата пејачка има корона: Излегував единствено до продавница!

Дека коронавирусот не бира кого ќе зафати, докажаа и бројни познати личности кои успеаја да се заразат. Една од нив е американската кантри ѕвезда Кели Шор.

Пејачката на социјалните мрежи сподели дека е позитивна, иако три недели минала во карантин, а изглегувала повремено во продавница.

– Се чувствувам подобро, но тоа е доказ колку е ова опасно и заразно. Бескрајно фрустрирачки е да ги гледаш луѓето колку не го сфаќаат ова сериозно – напишала на Твитер.

Пејачката открила дека најлошо било на почетокот.

-Првите неколку дена беа ужасни. Никогаш не сум се чувствувала така… Целото тело ме болеше, а треската би беше како јавање бик. Потполно изгубив чувство за вкус и мирис – признала таа.

Слични содржини