ММА борец шокираше со ВИДЕО како се бори со мечка

од Vladimir Zorba

ШВАЈЦАРСКИОТ ММА борец со јапонско-перуанско потекло Јасуби Еномото (39) е среде подготовки за мечот против Русинот Александар Шелменко во Москва, а во рамките на боречкиот дел од тренингот си ги тестираше силите со возрасна мечка и го сподели видеото на Инстаграм.

„Денес го имав најсилниот тренинг партнер. 2:1 за него. Том мечката ме подготвува за борбата во Москва“, напиша Еномото на Инстаграм.

Пензионираниот ММА борец од Дагестан, Хабиб Нурмагомедов е најпознат по борбите со мечка. Кога Нурмагомедов стана познат, беше објавено видео од него како се бори со младенче мечка како тригодишно дете.

Еномото и Шелменко ќе се борат во Русија по кикбокс правила. Швајцарецот во кариерата има 37 борби, од кои 23 победи и 14 порази. Шелменко има 61 победа и 15 порази во 76 борби.

Слични содржини