„Моите утра“: Во ова катче ужива Нина Бадриќ летово (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарната Нина Бадриќ со години гради успешна кариера и ужива во сето она што го постигнала. Пејачката со години летува во Јелса на Хвар, каде купила стан во центарот на градот.

Нина Бадриќ сега на својот Инстаграм профил покажа како изгледа внатрешноста на станот кој го нарекува втор дом.

„Моите утра!“, напиша пејачката во описот на фотографијата на оваа мрежа каде покажа катче за уживање во својот дом.

„Одраз на мир, спокојство, тишина“, „Удобен ентериер“, „Прекрасно“, напишаа нејзините следбеници во коментарите на објавата која воодушеви многумина.

Нина и претходно објави фотографии од својот стан на Инстаграм, каде често се изолира од градската врева и ги полни батериите за нови работни потфати.

Слични содржини