Молбата вроди со плод: Словенија испрати пожарникари во Македонија

од Nikola Popovski

Словенија испрати единица за цивилна заштита и 16 возила во С. Македонија за да ни помогнат во гаснењето на пожароте

-Таквата помош е испратена како одговор на барањето на Скопје за помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, пренесува словенечката агенција СТА.

Словенија испрати 46 припадници на цивилната заштита специјализирани за гаснење пожари со 16 возила, се вели во објавата на официјалниот Твитер профил на словенечката влада.

Поддршката доаѓа во моменти кога неколку земји-членки на ЕУ обезбедуваат опрема и им помагаат на Италија, Грција, Албанија и С. Македонија да се борат со катастрофалните пожари, вклучително со противпожарни авиони и хеликоптери.

Слични содржини