Мостарски пожарникари пронашле пироман, па му го блокирале возилото

од Stefanija Kuzmanovska

Мостарските пожарникари го блокирале возилото Голф 2 поради сомнение дека возачот на автомобилот А.Б. (20) во четвртокот околу 16:45 часот на ридот Хум во Мостар предизвикал пожар.

„Полициската патрола во возилото го пронашла возачот А.Б. (20) и неговата девојка Е.Т. (20). Возилото и лицата се предадени на криминалистичката полиција за криминалистичка истрага, а пожарот е локализиран од работниците на противпожарната единица“, се вели во соопштението на МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, а пренесува „Независне“.

Слични содржини