MotoGP: Маркез со петта пол-позиција по ред на „Филип Ајленд“

од Vlatko K

Светскиот шампион за сезоната 2018 во MotoGP, Марк Маркес ја освои својата петта последователна пол-позиција на австралиската патеката „Филип Ајленд“ (2014 – 2018).

Зад него на второто и третото место ќе се наредат утре двајца пилоти со Yamaha – Маверик Вињалес, кој демонстрира многу голема брзина во Австралија, и Јоан Жарко со сателитска машина.

Зад првите 3 останаа Јаноне и клубскиот колега, Алекс Ринс, локалниот миленик – Џек Милер и Валентино Роси.

Андреа Довициозо со Ducati ќе стартува од едвај деветтото место.
Клубскиот на Маркез – Дани Педроса ќе тргне 18-ти, бидејќи не успеа да ги помине Q1.

Слични содржини