Муареми најави кривични за Русковска, Трајчева и Јосифовска

од Vladimir Zorba

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми денеска најави кривична пријава против шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска за, како што вели, незаконскиот претрес во Управата.

Кривичната против обвинителките е за злоупотреба на службена положба и овластување, за фалсификување службена исправа и за соизвршителство.

-Уште на почетокот ни беше јасно дека станува збор за чиста злоупотреба на јавно обвинителска функција. Дека претресот е неоснован, незаконски, спротивен на одредбите од Законот за кривична постапка. Одите на претрес а не знаете зошто одите и што барате, притоа во наредбата за претрес сте навеле конкретно кривично дело, изјави Муареми.

Од позиција на моќ, злоупотребувајќи ја својата функција, додава тој, ова што Русковска го направила не е нешто ново.

– Ова е шема на нејзино однесување и делување. Кршење на закони, злоупотреби, закани, додава Муареми.

Слични содржини