Муцунски: Не треба да чекаме СДСМ да ги загуби изборите, ВМРО-ДПМНЕ има обрска да победи на следните парламентарни избори

од Vladimir Zorba

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, во вечерашното интервју во емисијата „Топ тема“ истакна дека сите анкети покажуваат максимално незадоволни на граѓаните од политичкото дејствување на власта, но и се поголемата потреба во македонското општество да се понуди надеж.

„Во однос на политичкото позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ по однос на овие прашања мислам дека политичката мантра која што имаме обврска да ја наметнеме во следниот период е дека не треба да чекаме СДСМ да ги загуби изборите. Ние имаме обрска да победиме на следните парламентарни избори. И го гледаме тоа по анкетите каде што граѓаните се максимално незадоволни по однос на политичкото дејствување на власта но и се поголемата потреба во македонското општество да се понуди надеж. Таа надеж е суштинско политичко решавање на овие предизвици“, смета тој.

„Имаме обврска да бидеме кредибилна членка на НАТО, да бидеме кредибилен партнер во однос на надворешната политика и безбедносната политики. Но имаме обврска да понудиме и европска иднина на нашите граѓани“, дециден е Муцунски.

Слични содржини