Мурињо сака да се врати во Јунајтед, имал „незавршена работа“

од Vladimir Zorba

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо би сакал повторно да раководи со 20-кратниот шампион на Англија, пренесе Daily Mail. 61-годишниот Португалец верува дека има „незавршена работа“ во „црвените ѓаволи“. Тој е заинтересиран повторно да биде на чело на Јунајтед доколку му се укаже шанса.

Мурињо би сакал да соработува со новите косопственици на клубот од Манчестер, кои неодамна купија 25 отсто од акциите на тимот од „Олд Трафорд“.

Мурињо беше тренер на Манчестер Јунајтед од 2016 до 2018 година. Со „црвените ѓаволи“ еднаш го освои Лига купот и трофејот во Лига Европа.

Претходно во јануари италијанска Рома му даде отказ на Португалецот. Мурињо ги водеше и Тотенхем, Челси, Реал Мадрид, Интер, Порто и Бенфика.

Слични содржини