Мурињо „војуваше“ со него во Лондон, а сега го носи во Рим?!

од Vladimir Zorba

Жозе Мурињо би можел да донесе уште едно интересно засилување.

Според Sky Sport, играчот од средниот ред на Тотенхем, Тањи Ндомбеле е желба на Португалецот.

Ндомбеле нема место во тимот на Антонио Конте, исто како и кај Еспирито Санто претходно, додека добро е познато како Мурињо беше во тивка војна со Ндомбеле.

Французинот има проблеми со дисциплината, поради што често беше на удар кај тренерот, а позната е приказната дека Жозе Мурињо отишол да му заѕвони во раните утрински часови и го повикал на тренинг.

Ндомбеле пристигна во Тотенхем во летото 2019 година за рекордни 65 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

За Тотенхем одигра 89 натпревари, постигна 10 гола и додаде девет асистенции.

Сезонава одигра 14 натпревари, но најмногу влегуваше од кај Санто, Конте пак го „пречкрта“ …

Наводно Французинот е следен и од Јувентус, јасно е дека ќе биде на продажба. „Трансфер маркет“ го проценува на 38 милиони евра, но тоа е премногу за тоа како игра и се однесува.

Слични содржини