МВР: 31 лица не ја почитувале забраната за движење

од Берта Китинска

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:


По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 31 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 18 лица им се издадени решенија за изолација, а 66 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Во државен карантин се спроведени 36 лица.

Слични содржини