МВР: 39 лица не ја почитувале забраната за движење

од Берта Китинска

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:


По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 39 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 30 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 196 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Слични содржини