МВР: 98 санкционирани возачи на мотоцикли

од Vladimir Zorba

Во текот на вчерашниот ден (03.08.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 98 возачи, од кои 30 биле исклучени од сообраќај.

Од нив, 62 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 21 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.

На територијата на град Скопје влера изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 78 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, девет за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Слични содржини