МВР одзеде девет мотоцикли, санкционирани 458 возачи

од Nikola Popovski

Во периодот од 09.05.2022 до 15.05.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 458 возачи.

Од нив, 280 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 104 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Слични содржини