МЗ преговара за набавка на првиот орален антивирусен лек против Ковид-19

од Nikola Popovski

Министерството за здравство разговарало со компанијата „Мерк“ за набавка на антивирусниот лек против корона. Освен оваа, и компанијата „Фајзер“ развива ваков антивирусен лек.

– Разговаравме за новиот антивирусен лек со „Мерк“. Ова се лекови кои никако не ја менуваат вакцината. Не се одобрени. За лекот на „Мерк“ завршени се клиничките испитувања, а в петок американскиот центар ќе каже дали дозволува употреба. За „Фајзер“ клиничките испитувања не се завршени, рече министерот Венко Филипче, на денешната прес конференција.

Од МЗ неодамна соопштија дека лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто.

Велика Британија е првата земја во светот која ја одобри употребата на антивирусни пилули кои би можеле да помогнат во борбата против коронавирусот. Ова е првиот некогаш одобрен орален антивирусен лек против Ковид-19.

Слични содржини