МЗ започнa со втората широка кампања за промовирање на имунизацијата

од Vladimir Zorba

За заштита на здравјето на населението во есенско / зимскиот период, Министерство за здравство од денеска започнa со втората широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација (#СЗО) и со финансиска поддршка од Европската Унија (#ЕУ).

Следејќи ги одличните ефекти кои беа постигнати во рамките на пролетната кампања, Министерството за здравство презеде активности преку кои во нови 20 општини (115 населени места рурални и урбани) родителите ќе имаат можност во рамките на нивните домови да разговараат за задолжителна имунизација, како и вакцинациите против Ковид-19 и сезонски грип.

30 тимови од медицински лица од тимовите за имунизација во Здравствените домови во државата, ќе одат „од врата до врата”, односно ќе ги посетуваат семејствата каде има невакцинирани лица или лица заинтересирани за вакцинација.

Тимовите ќе ги информираат семејствата за придобивките од имунизацијата, ќе делат промотивен материјал во согласност со медицината базирана на докази и во договор со родителите ќе закажуваат термини за вакцини од редовниот календар за имунизација.
Кампањата која #МЗ ја организира во соработка на #СЗО и #ЕУ ќе трае четири недели (до крај на месец Ноември) и се планира да бидат посетени над 3.000 семејства.

Во рамки на кампањата, постарите лица над 65 години ќе имаат можност на лице место да примат поливалентна вакцина против Ковид-19 како бустер доза, како и вакцина против сезонски грип, а дечињата да ги примат пропуштените дози од календарот за задолжителна имунизација.

Слични содржини